Горивата значително поевтинуваат: Бензините паѓаат на 86 и 88 денари, дизелот на 94,5

Бензините од 10 ноември поевтинуваат за 7 денари за литар, дизелот за 5,50 денари, а екстралесното масло за 6,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Мазутот има пониска цена за 6,261 денари за килограм. Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 7,51% во однос на одлуката од 2 ноември.

Новите максимални цени ќе важат од 10 ноември од 00:01 часот.

Нафтен дериватНова ценаПромена
Еуросупер БС-9586,00 ден/литар−7,00 денари
Еуросупер БС-9888,00 ден/литар−7,00 денари
Еуродизел БС94,50 ден/литар−5,50 денари
Екстра лесно масло (ЕЛ-1)103,50 ден/литар−6,50 денари
Мазут М-1 НС49,312 ден/кг−6,261 денари

Намалувањето на цените доаѓа по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, референтните цени на бензините се пониски во просек за 12,340%, на дизелот за 6,785%, на екстралесното масло за 7,834%, а на мазутот за 13,816%.

РЕКЛАМА

Влијание врз пресметката имал и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој е понизок за 0,5247% во споредба со периодот на претходната пресметка.

Во новата одлука на РКЕ се применети владините мерки за намален ДДВ од 10% за дизелот, како и намалените акцизи за 2 денари за литар кај бензините и за 4 денари за литар кај дизелот.

Од РКЕ појаснуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил