Акуо енерџи со најниска понуда на првата ветерна аукција во Косово

Француската компанија за обновлива енергија „Акуо енерџи“ (Akuo Energy) доставила најниска финансиска понуда на првата аукција за изградба на ветерни електрани во Косово, со цена од 75,94 евра за мегават-час. Понудата е дадена во рамки на предвидениот 15-годишен договор за откуп на електрична енергија со косовската влада.

Аукцијата опфаќа изградба на нови ветерни капацитети со вкупна инсталирана моќност од 50 до 100 мегавати, соопшти Министерството за економија на Косово.

Во финалната фаза на финансиска евалуација се квалификувал и конзорциумот составен од германската „Нотус енерџи“ (Notus Energy) и косовската „Стубла енерџи“ (Stublla Energy), чија понуда изнесува 78,89 евра за мегават-час.

РЕКЛАМА

Косовската министерка за економија Артане Ризваноли соопшти дека комисијата за евалуација ќе ги разгледа финансиските понуди и ќе го утврди конечниот ранг на учесниците, согласно условите на аукцијата.

Artane Rizvanoli FB

Покрај двете компании, во пошироката листа на кандидати во септември беше вклучена и турската компанија „Гуриш иншаат ве мухендислик“ (Guris Insaat ve Muhendislik).

Во меѓувреме, косовското Министерство за економија веќе ги започнало подготовките за втора аукција за ветерна енергија, на која се планира да бидат понудени до 200 мегавати нови капацитети.

Првата ветерна аукција беше спроведена со поддршка на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која имаше улога на советник за трансакцијата, како и со поддршка од владите на Германија и Луксембург, преку агенцијата ЛуксДев (LuxDev).

Извор: SEEnews.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил