Грција: Пораст на обновливите извори, значителен пад на увозот на електрична енергија во 2025

Просечната цена на електричната енергија на пазарот „ден однапред“ во Грција во 2025 година достигнала 103,6 евра за мегават-час покажува најновиот годишен извештај на Енергетската берза – Enex.

За споредба, во соседните пазари на Грција, просечната цена изнесувала 106,9 евра за мегават-час во Бугарија и 115,03 евра во Италија. Грција забележала годишен раст на цената од 2,7%, додека посилен пораст е регистриран во Бугарија (+4,24%) и Италија (+6%).

Изминатата година, најниската просечна цена во Грција, според Enex е забележана во месец август, кога изнесувала 73 евра за мегават-час, додека најскап месец бил февруари со 154 евра за мегават-час.

РЕКЛАМА

Побарувачката на пазарот „ден однапред“ останала стабилна во однос на претходната година. Истовремено, тргуваните количини од обновливи извори на енергија се зголемиле за 8%, што укажува на нивно сè поголемо учество во вкупното производство на електрична енергија.

Во прекуграничната размена, извозот бележи благ раст од 106 мегават-часови, додека увозот значително се намалил за 36,8%, односно за 2.833 гигават-часови. Како резултат на тоа, остварен е нето-извоз од 2.732 гигават-часови.

Најголем обем на тргување е регистриран на 25 јули со 254 гигават-часови, додека најниската цена во текот на годината е забележана на 1 мај и изнесувала -50 евра за мегават-час.

Во делот на снабдување, државната енергетска компанија ППЦ има пазарен удел од 50,08%, додека алтернативните снабдувачи учествуваат со 49,92%.

Извор: EnergyPress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил