Словенија: Драстичен пад на електропроизводството во октомври

Љубљана. 26 ноември 2025 – Електропроизводството во Словенија во октомври забележа значителен пад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на земјата. Нето-производството изнесувало 766 GWh, што претставува намалување од 18% во однос на септември и дури 49% споредено со истиот месец минатата година.

Најголемо влијание врз падот имало намаленото производство во хидроелектраните, кои произведоа 54% помалку електрична енергија отколку во октомври лани. Дополнителен фактор бил и редовниот ремонт на Атомската електрана Кршко, кој траел речиси цел месец. Централата беше исклучена од 28 септември, а повторното приклучување кон мрежата започна дури на 28 октомври, со постепено зголемување на моќноста.

Сепак, податоците на Државниот завод за статистика некои енергетски сегменти забележале раст. Производството во термоелектраните зголемено е за 7% во споредба со минатата година, а сончевите и ветерните електрани оствариле значителен пораст од 75%.

РЕКЛАМА

Намаленото домашно производство ја зголеми потребата од увоз на електрична енергија. Во октомври Словенија увезе 1.084 GWh, односно 56% повеќе од истиот период лани, додека извозот се намали за 37 проценти и достигна 723 GWh.

Извор: Stat.si

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба