Букурешт. 17 август 2025 – Романија значително го зголеми увозот на електрична енергија во првата половина од 2025 година, и покрај плановите да стане нето-извозник до 2026, покажуваат податоците на националниот преносен оператор „Транселектрика“.
Увозот во периодот јануари–јуни достигна 5,7 TWh, што е зголемување од 54% во однос на истиот период минатата година, додека извозот опадна за 11% и изнесуваше 3,3 TWh. Во истиот период во 2024 година, увозот и извозот биле изедначени на околу 3,7 TWh.
Поранешниот министер за енергетика Себастиан Бурдуја во јануари годинава, најави дека Романија ќе стане нето-извозник до 2026 година, со додавање на 1,5 до 2 GW нова базна производствена моќност. Сепак, пазарните учесници се скептични поради доцнења во изградба на нови капацитети и проблеми со преносната мрежа.
Намаленото домашно производство е главната причина за зголемениот увоз. Во првата половина од годинава, вкупното производство падна за 10%, а хидропроизводството – кое традиционално има најголем удел – се намали за дури 25%. Недостигот на хидроенергија беше забележан низ целиот регион на Југоисточна Европа, особено во вториот квартал.
Фосилните горива останаа најголем извор на производство со 32% од вкупната енергија, иако нивното производство падна за 3%. Хидроенергијата учествуваше со 27%, што е пад од 33% во споредба со лани. Нуклеарната и обновливата енергија учествуваа со 20% и 19% од производството, соодветно.
Извор: Тranselectrica.ro