Грција „фрли“ 10% од зелената енергија во првата половина од 2025

Атина. 6 август 2025 – Според порталот iЕnergia.gr во Грција, во првата половина од 2025 година, 10% од произведената електрична енергија од обновливи извори (ОИЕ) не била искористена и била исклучена од мрежата, што е повеќе од двојно во однос на истиот период минатата година, кога процентот изнесувал 3,5%.

Иако ваквите исклучувања најчесто се случуваат во пролет и есен, годинава тие почнале уште во март и јуни, поради континуираното приклучување на нови ОИЕ проекти без соодветно јакнење на преносната инфраструктура.

Во јуни, одбиената зелена енергија достигнала 12,5% од вкупното производство, наспроти 2,5% во истиот месец од 2024. Недостигот од капацитет за управување со вишокот производство во периоди на ниска потрошувачка го приморува системот на исклучувања за да се зачува стабилноста на мрежата.

РЕКЛАМА

Последиците од оваа појава во Грција се сериозни – производителите губат приходи и предвидливост на заработката, а кај малите и средните компании се доведува во прашање опстанокот. За банките, пак, се зголемува ризикот од инвестиции во ОИЕ, што може да доведе до промена на условите за финансирање и намалување на капиталот за нови проекти.

Извор: iEnergia.gr

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads