Бензините од 10 ноември поевтинуваат за 7 денари за литар, дизелот за 5,50 денари, а екстралесното масло за 6,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Мазутот има пониска цена за 6,261 денари за килограм. Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 7,51% во однос на одлуката од 2 ноември.
Новите максимални цени ќе важат од 10 ноември од 00:01 часот.
| Нафтен дериват | Нова цена | Промена |
|---|---|---|
| Еуросупер БС-95 | 86,00 ден/литар | −7,00 денари |
| Еуросупер БС-98 | 88,00 ден/литар | −7,00 денари |
| Еуродизел БС | 94,50 ден/литар | −5,50 денари |
| Екстра лесно масло (ЕЛ-1) | 103,50 ден/литар | −6,50 денари |
| Мазут М-1 НС | 49,312 ден/кг | −6,261 денари |
Намалувањето на цените доаѓа по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, референтните цени на бензините се пониски во просек за 12,340%, на дизелот за 6,785%, на екстралесното масло за 7,834%, а на мазутот за 13,816%.
Влијание врз пресметката имал и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој е понизок за 0,5247% во споредба со периодот на претходната пресметка.
Во новата одлука на РКЕ се применети владините мерки за намален ДДВ од 10% за дизелот, како и намалените акцизи за 2 денари за литар кај бензините и за 4 денари за литар кај дизелот.
Од РКЕ појаснуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.
Извор: РКЕ
