Лагард предупредува: Светот е на раб на енергетска криза

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, предупреди дека глобалната економија се соочува со сериозен ризик од нарушување на енергетското снабдување, оценувајќи дека светот се наоѓа на „раб на енергетска криза“.

Во говор во одржан во германскиот град Франкфурт пред два дена, Лагард истакна дека конфликтот меѓу Израел и Иран може да предизвика побрз раст на инфлацијата во еврозоната отколку по руската агресија врз Украина во 2022 година.

Таа нагласи дека нападите врз клучната енергетска инфраструктура на Блискиот Исток ја намалуваат можноста за брза стабилизација на состојбата.

РЕКЛАМА

„Се приближува нова критична точка: глобалните резерви на нафта се намалуваат, а последните танкери со ЛНГ натоварени пред почетокот на војната веќе пристигнуваат на своите дестинации. Тоа значи дека вистинските последици од недостигот допрва ќе се почувствуваат“, изјави Лагард.

Зголемена загриженост за енергетската безбедност

Предупредувањата доаѓаат во време на растечки стравувања за глобалната економија. Директорот на ИЕА, Фатих Бирол, оцени дека актуелниот конфликт претставува „најголема закана за глобалната енергетска безбедност во историјата“.

Истовремено, најновите економски анкети покажуваат пад на довербата во приватниот сектор во еврозоната и значително зголемување на доцнењата во снабдувањето, на нивоа невидени од 2022 година.

Ризик од побрз раст на цените

Лагард предупреди дека искуството од ценовниот шок по војната во Украина може дополнително да го забрза растот на цените. Во 2022 година, инфлацијата достигна 10,6% повеќе од петпати над целта на ЕЦБ од 2%.

Според неа, компаниите веќе имаат искуство со брза корекција на цените, додека работниците сè повеќе внимаваат на влијанието на инфлацијата врз платите.

„Иако шокот од 2022 година беше ставен под контрола, тој остави трага. Цела генерација за првпат се соочи со висока инфлација и следниот пат може да реагира побрзо“, рече Лагард.

Европа во подобра позиција од пред четири години

Сепак, таа нагласи дека економската состојба во Европа во моментов е постабилна отколку во 2022 година. Инфлацијата е блиску до целното ниво, а каматните стапки и јавната потрошувачка се помалку поттикнувачки за раст на цените.

„Не сме во иста позиција како пред четири години, но нема да дозволиме неодлучноста да нѐ парализира“, порача Лагард.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил