Пазарите реагираат: Цената на нафтата падна за 6% поради примирјето меѓу Израел и Иран

Њујорк. 24 јуни 2025 – Цените на нафтата забележаа остар пад од околу 6% во вторникот, откако најавеното примирје меѓу Израел и Иран ги намали стравувањата од прекин во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток – регион од клучно значење за глобалниот енергетски пазар.

Суровата нафта Брент се тргуваше за 67,14 долари по барел, што претставува намалување од 6,1%, додека американската WTI нафта се затвори на 64,37 долари, што е пад од 6%. Ова се најниските нивоа во последните две недели – период кој беше обележан со геополитички тензии, вклучувајќи и американско-израелските напади врз ирански цели.

Но и покрај примирјето, ситуацијата останува нестабилна, откако претседателот Доналд Трамп ги обвини двете страни за непочитување на договорот.

Реклама

Цените беа дополнително под притисок поради зголеменото производство на нафта. Казахстан го ревидираше својот план за 2025 година на најголемото поле Тенгиз, а Гвајана пријави пораст на дневното производство на 667.000 барели. Овие земји, членки на проширената алијанса ОПЕК+, со зголеменото производство придонесуваат за дополнителен пад на цените.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement