РКЕ: Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот за 2,50 денари

Цените на горивата во Македонија продолжуваат да се намалуваат. Од 17 ноември, бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 ќе бидат поевтини за 2 денари за литар, дизелот за 2,50 денари, а екстралесното масло за 3 денари. Со оваа одлука, донесена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), просечната малопродажна цена на нафтените деривати се намалува за 2,43% во однос на претходната одлука од 9 ноември.

Најниската цена на бензините во последниот период дополнително се приближува до нивото од почетокот на есента, додека дизелот од 17 ноември ќе се продава по максимална цена од 92 денари за литар.

Новите цени стапуваат во сила на 17 ноември во 00:01 часот:

РЕКЛАМА

Нафтен дериватНова ценаПромена
Еуросупер БС-9584,00 ден/литар−2,00 денари
Еуросупер БС-9886,00 ден/литар−2,00 денари
Еуродизел БС92,00 ден/литар−2,50 денари
Екстра лесно масло (ЕЛ-1)100,50 ден/литар−3,00 денари
Мазут М-1 НС48,314 ден/кг−0,998 денари

Пониските цени се резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи. Во споредба со претходната пресметка, референтните цени на бензините се намалени за 7,484%, на дизелот за 4,032%, на екстралесното масло за 4,478%, а на мазутот за 3,253%.

Од друга страна, курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,5039%, што делумно влијаело врз конечната пресметка на цените.

РКЕ и во оваа пресметка ги примени владините мерки за намалување на даночното и акцизното оптоварување: ДДВ од 10% за дизелот, намалена акциза од 1 денар за литар кај бензините и од 4 денари за литар кај дизелот.

Утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и пониско од цените определени со одлуката на РКЕ.

Намалувањето на малопродажните цени следува по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поевтиниле во просек за 7,484%, дизелот за 4,032%, екстралесното масло за 4,478%, а мазутот за 3,253%.

Врз пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој е повисок за 0,5039% во споредба со претходниот пресметковен период.

Во одлуката се применети владините мерки за намален ДДВ од 10% за дизелот, како и намалената акциза од 1 денар за литар кај бензините и од 4 денари за литар кај дизелот.

Од РКЕ посочуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил