Нови цени на горивата: Бензините и дизелот пониски од утре

Скопје, 20 април 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14 април 2026 година.

Во одлуката и натаму се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – 4 денари по литар за еуродизелот и 2 денари по литар за бензините.

Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, бензините поевтинуваат за 1,806%, дизелот за 9,605%, екстра лесното масло за 8,20%, а мазутот за 6,515%. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 1,15%.

РЕКЛАМА

Од 21 април 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 97,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 46,288 денари за килограм

Со новата одлука, бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денари по литар, додека екстра лесното масло поскапува за 0,50 денари по литар. Цената на мазутот се намалува за 2,939 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско, зависно од пазарните услови.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *