Нафтата поевтини, тензиите на Блискиот Исток го ограничуваат падот

Цените на нафтата благо се намалија на почетокот на неделата, но ризиците за снабдувањето поради нападите врз пловила и енергетски објекти на Блискиот Исток продолжуваат да го ограничуваат поевтинувањето.

Цената на нафтата „Брент“ се намали за 0,65%, на 91,97 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поевтини за 0,59%, на 82,92 долари за барел. Во текот на минатата недела „Брент“ загуби 4% од вредноста, а WTI поевтини за 5%, бележејќи трета последователна недела на пад.

Пазарите и натаму внимателно ги следат случувањата поврзани со војната меѓу САД, Израел и Иран. Во текот на викендот беа пријавени повеќе напади врз бродови во Персискиот Залив и во близина на Ормускиот Теснец, додека јеменските Хути соопштија дека нападнале саудиска рафинерија во Рабиг.

РЕКЛАМА

Бахреин, исто така, пријави напад врз цивилен индустриски објект, а иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила ракетни и беспилотни напади врз американски воени позиции во земјата.

Аналитичарите предупредуваат дека и покрај неодамнешното намалување на цените, ризиците за непречен транспорт на нафтата низ Ормускиот Теснец остануваат значителни.

Вниманието на пазарите е насочено и кон состаноците на ОПЕК+, закажани за 29 ноември, на кои ќе се разгледува производствената политика на групата за 2027 година.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил