ИЕА е подготвена за ново ослободување на нафтени резерви ако биде потребно

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) е подготвена да координира ново ослободување на нафта од итните резерви на земјите членки доколку тоа биде потребно, изјави денеска извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол, во услови на нарушено снабдување и рекордно високи цени на дизелот на повеќе пазари.

Како што пренесува Ројтерс, Бирол посочил дека агенцијата веќе работи на ослободување дополнителни количества дизел во рамките на постојните планови, со цел да се ублажи растот на цените.

Нарушувањата во снабдувањето од регионот на Персискиот Залив и од Русија ги зголемија цените на дизелот, кои достигнаа рекордни нивоа на повеќе пазари, вклучително и во САД, каде што поскапувањето е една од темите во пресрет на парламентарните избори на 3 ноември.

РЕКЛАМА

Според Бирол, земјите членки веќе искористиле околу 80% од количеството на нафта предвидено за ослободување во рамките на постојната акција.

Времето и обемот на евентуалното дополнително ослободување ќе зависат од одлуките на поединечните земји и од состојбите на пазарот.

Бирол, исто така, оцени дека изгледите за враќање на нафтениот пазар во нормални услови во 2027 година се мали, што укажува на можноста нарушувањата во снабдувањето и притисоците врз цените да продолжат и во следната година.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил