Унгарија ќе ја надмине целта од 500 MW батериски капацитет до крајот на годината

Унгарија најверојатно ќе ја надмине „со голема разлика“ целта од 500 MW оперативен капацитет на батериски системи за складирање енергија (BESS) до крајот на оваа година, пренесува агенцијата Монтел, повикувајќи се на извори во Министерството за енергетика на Унгарија.

Според министерството, повеќе од половина од планираниот капацитет бил изграден уште на почетокот на 2026 година, а тековните државни стимулативни програми се очекува да го зголемат инсталираниот капацитет над 500 MW уште пред 2027 година.

Во тендер распишан минатата недела, министерството примило над 75.000 апликации за државни субвенции за домаќинства за инсталација на системи за складирање со минимален капацитет од 10 kWh.

РЕКЛАМА

Од министерството наведуваат дека во наредните години може да се изгради значително поголем капацитет од првично очекуваните 200 MW, при што се разгледува и зголемување на буџетот на програмата, кој моментално изнесува 265 милиони евра.

Дополнително, владата планира до 2028 година да пушти во употреба уште 600 MW батериски капацитет преку посебна субвенциска шема за бизнисите, вредна 132 милиони евра, лансирана во декември минатата година.

Владата на Унгарија претходно истакна дека развојот на доволни капацитети за складирање е клучен за енергетскиот систем на земјата. Унгарија во септември минатата година достигна 9 GW обновливи извори на енергија, по четири последователни години со по 1 GW ново инсталирана соларна енергија годишно. Целта на земјата е до 2030 година да достигне 12 GW зелени капацитети.

Извор: Montelnews.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *