МЕМО: Повластените производители обезбедија 8,22% од електричната енергија во јуни

Скопје. 7 јули 2025 – Во јуни 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 31.247 MWh.

При тоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 13.530 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 2.114 MWh, од две ветерни електрани произведени се 12.382 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.221 MWh. 

Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 8.22 %.

Реклама

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.842 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Производствона електрична енергија од повластени производители во јуни 2025 година:

Тип на производителБрој на постројкиПроизведена енергија (MWh)Удел во вкупното производство (%)
Мали хидроцентрали9213.53043,3%
Фотоволтаични електрани792.1146,8%
Ветерни електрани212.38239,6%
ТЕЦ на биогас и биомаса53.22110,3%
Вкупно17831.247100%

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement