Скопје, 18 мај 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11 мај 2026 година.
Според РКЕ, растот на цените е резултат на движењата на светските пазари, каде бензините бележат зголемување од 4,96%, дизелот од 0,29%, а мазутот дури 14,45%. Кај екстра лесното масло е регистрирано намалување од 0,517%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,106%.
Во пресметката се вклучени и намалените акцизи од 2 денари по литар за дизелот и бензините, како и повластениот ДДВ од 10% за бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98.
Од 19 мај 2026 година, од 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 денари за литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 93,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 50,814 денари за килограм
Со новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизелот поскапуваат за 2,5 денари по литар. Единствено поевтинување има кај екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 0,50 денари по литар.
Цената на мазутот се зголемува за 0,846 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да продаваат и по пониски цени од утврдените.
Извор: РКЕ
