Скопје. 9 февруари 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2 февруари 2026 година.
Како што соопштува РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат намалување: кај бензините за 0,218% , кај дизелот за 1,208%, кај екстра лесното масло за 1,401%, како и кај мазутот, каде намалувањето изнесува 1,401%. Во истиот период, курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,4487%.
Од 10 февруари 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 72,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 67,00 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 33,650 денари за килограм
Со одлуката, цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло остануваат непроменети, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,235 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт имаат можност да ги формираат цените и пониско од утврдените.
Извор: РКЕ
