РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините минимално поскапуваат

Скопје, 1 јуни 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26 мај 2026 година.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, кои поевтинуваат за 6,50 денари по литар, додека бензините бележат минимално поскапување од 0,50 денари по литар.

Според РКЕ, на светските пазари е регистриран значителен пад на референтните цени на сите деривати. Бензините поевтинуваат за 10,867%, дизелот за 10,622%, екстра лесното масло за 10,136%, а мазутот за 8,238%. Курсот на денарот во однос на доларот е речиси непроменет и е повисок за 0,0272%.

РЕКЛАМА

Во пресметката се земени предвид и намалените акцизи од 2 денари по литар за дизелот и бензините.

Од 2 јуни 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 87,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 47,906 денари за килограм

Цената на мазутот се намалува за 3,238 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да продаваат и по пониски цени од утврдените.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил