Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата 

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денес на прес-конференција во Владата информираше дека институциите внимателно ги следат случувањата на енергетските пазари и вршат редовни анализи со цел навремено да ги предвидат ценовните трендови.

„Чувствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста како Влада дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите се разбира се вклучени и пресметките се со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие пресметки коишто ги направивме во текот на вчерашниот ден одкако берзите затворија, и одкако ги изанализиравме движењата на нафтата и нафтениете деривати на берзите во изминатата недела, направивме калкулација и прасметка и врз основа на истата очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која што ќе имаме намалување на цените на дизел горивото, односно на бензините и тоа: Евросуперот 95 и Евроспуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари, изјави премиерот Мицкоски.“

Според неговите очекувања, Регулаторната комисија за енергетика на следната седница би можела да донесе одлука за пониски цени на горивата.

РЕКЛАМА

„Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека во овие пресметки не се земени предвид дополнителните попусти што ги нудат одредени компании, па крајните цени за граѓаните би можеле да бидат и пониски.

Мицкоски додаде дека државата има доволни резерви на нафта и деривати и дека снабдувањето се одвива без проблеми, иако потрошувачката во одредени денови бележи пораст и до 30 проценти над просекот.

Воедно, премиерот најави дека Владата ќе продолжи со мерки насочени кон ублажување на ценовните притисоци и дека ќе се прават дополнителни анализи за можни идни чекори.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил