РКЕ: Бензините и дизелот поскапуваат од 16 јуни

Скопје, 15 јуни 2026 – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,10% во однос на претходната одлука од 8 јуни. Сепак, поради враќањето на редовните износи на акцизите за бензините и дизелот, дел од горивата ќе поскапат.

РКЕ соопшти дека во новата пресметка се вклучени референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), по истекот на владината одлука за намалени акцизи.

На светските пазари, референтните цени бележат пад кај сите деривати. Бензините поевтинуваат за 2,17%, дизелот за 4,44%, екстра лесното масло за 5,09%, а мазутот за 3,63%. Во исто време, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,5395%.

РЕКЛАМА

Од 16 јуни 2026 година од 00:01 часот, ќе важат следните максимални малопродажни цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 86,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 46,223 денари за килограм

Во однос на претходната одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 2,00 денари по литар. Дизелот ќе биде поскап за 0,50 денари по литар.

Од друга страна, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 2,50 денари по литар, а цената на мазутот се намалува за 1,074 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени и дека трговците можат да ги формираат цените и на пониско ниво од утврденото.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил