РКЕ: Од утре нови цени на горивата. Дизелот -2,5 денари, бензините +2 денари

Скопје. 27 април 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,40% во однос на одлуката од 20 април 2026 година.

Според РКЕ, промените се резултат на движењата на референтните цени на светските пазари. Кај бензините е регистриран раст од 4,26%, додека кај дизелот има намалување од 3,76%, кај екстра лесното масло пад од 1,52%, а кај мазутот зголемување од 1,11%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,04%.

Од 28 април 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 82,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 84,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 91,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 96,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 46,656 денари за килограм

Со новата одлука, дизелот поевтинува за 2,50 денари по литар, додека бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Екстра лесното масло се намалува за 1 денар по литар, а мазутот поскапува за 0,368 денари по килограм.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско, зависно од пазарните услови.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил