Горивата поскапуваат во регионот: Србија со највисоки цени

Цените на горивата во земјите од регионотбележат благ пораст поради ескалацијата на конфликтот во Персискиот Залив, а највисоки цени во моментов се регистрирани во Србија, каде литар дизел достигна 1,70 евра.

Според јавно достапните податоци, растот на цените е заеднички тренд во регионот. Експертите предупредуваат дека доколку кризата потрае, можно е дополнително зголемување на цените, што би се одразило врз животниот стандард, транспортот и производството.

Во Босна и Херцеговина литар дизел се продава за околу 1,22 евра, додека бензинот изнесува околу 1,20 евра. Дизелот поскапел за приближно 0,01 евра, додека бензинот останал речиси непроменет.

РЕКЛАМА

Во Хрватска бензинот чини 1,47 евра по литар, а дизелот 1,53 евра, што претставува пораст од 0,02, односно 0,04 евра. Со оглед дека дел од горивото во Босна и Херцеговина се увезува од Хрватска, ценовните промени таму директно влијаат и на домашниот пазар.

Највисоки цени во регионот се забележани во Србија, каде дизелот достигна 1,70 евра, а бензинот 1,54 евра по литар. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можни субвенции за да се ублажи ударот врз стандардот на граѓаните.

Во Црна Гора литар еуродизел изнесува 1,34 евра, а бензинот 1,40 евра, со минимално зголемување од околу 0,01 евра. Во Македонија дизелот од вчера се продава за 1,15 евра, а бензинот за 1,20 евра по литар, исто така со благ пораст.

Во Словенија цената на дизелот е 1,46 евра, а на бензинот 1,44 евра, со пораст од околу 0,03 евра. На Косово дизелот чини 1,25 евра, додека бензинот 1,24 евра по литар, при што за само 24 часа цените се зголемиле за околу 0,03 евра.

Според актуелните податоци, најскапо гориво плаќаат граѓаните на Србија, додека најниски цени се регистрирани во Македонија и на Косово. Босна и Херцеговина се наоѓа во средината на регионалната листа.

Енергетските аналитичари најавуваат можност за ново зголемување на цените на почетокот на наредната недела, кога се очекуваат нови корекции на ценовниците на бензинските пумпи. Во меѓувреме, цените на гасот во Европа достигнаа највисоко ниво од почетокот на 2023 година, по одлуката на катарската компанија QatarEnergy да го запре производството на течен природен гас поради конфликтите на Блискиот Исток.

Актуелните цени на горивата во земјите од регионот:

ДржаваБензин (€/л)Дизел (€/л)
Босна и Херцеговина1,201,22
Хрватска1,471,53
Србија1,541,70
Црна Гора1,401,34
Македонија1,201,15
Словенија1,441,46
Косово1,241,25

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *