Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, за тргување со електрична енергија „ден однапред“, во месец мај 2026 година истргувани се вкупно 125.210,5 MWh електрична енергија по просечна цена од 5.532,64 денари, односно 89,68 евра/MWh.
Дневно, во текот на мај, просечно се истргувале 4.039,0 MWh електрична енергија, што претставува благо зголемување на дневниот обем на тргување во споредба со април.
За време на дневниот пик, во периодот од 09:00 до 20:00 часот, просечно се истргувале 2.675,4 MWh електрична енергија, по просечна цена од 3.078,5 денари, односно 49,9 евра/MWh.
Во споредба со април 2026 година, кога просечната цена изнесуваше 87,80 евра/MWh, во мај е забележанo благо зголемување на цената на електричната енергија, додека обемот на тргување е повисок. И покрај тоа, ценовните нивоа остануваат значително пониски во однос на зимскиот период, што упатува на продолжување на стабилизацијата на пазарот и намален сезонски притисок врз побарувачката.
Особено се издвојува ниската просечна цена во пиковите часови, која во мај падна под 50 евра/MWh, што укажува на поволни пазарни услови, зголемена понуда на електрична енергија и посмирени движења на регионалните берзи.
Податоците покажуваат дека со влезот во пролетно-летниот период, пазарот на електрична енергија задржува стабилност, со умерени ценовни движења и солидна ликвидност на пазарот „ден однапред“.

Извор: MEMO
