РКЕ: Поевтинуват горивата – дизелот за 2,5 денари по литар, бензините за 1,5 денари

Скопје. 14 април 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денес донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,73% во однос на претходната одлука од 6 април 2026 година.

Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 2,7%, дизелот од 3,25%, екстра лесното масло од 3,96%, додека кај мазутот падот изнесува 4,47%. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,71%, што исто така влијаело врз формирањето на новите цени.

Од полноќ, односно од 00:01 часот на 15 април, ќе важат следните максимални цени на горивата:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 82,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 84,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 95,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 96,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 49,227 денари за килограм

Во однос на претходните цени, бензините поевтинуваат за 1,50 денари по литар, дизелот за 2,50 денари, екстра лесното масло за 3,50 денари, додека цената на мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.

Од РКЕ потенцираат дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат и на пониско ниво во зависност од пазарните услови.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил