Словенија во 2025 година бележи шесткратно зголемување на нето-увозот на електрична енергија, откако домашното производство значително опадна, покажуваат податоците на државниот оператор на пазарот на струја Borzen, пренесени од страна на енергетскиот портал Naš stik.
Без да се пресметува словенечкиот удел во заедничката Нуклеарна електрана Кршко, кој ѝ припаѓа на соседна Хрватска, извозот на електрична енергија минатата година изнесувал 10,5 терават-часови (TWh), што е пад од 7% во однос на 2024 година.
Истовремено, увозот пораснал за 9,8%, достигнувајќи 12,81 TWh, со што земјата останала нето-увозник на струја.
Негативниот биланс во 2025 година изнесувал 2,31 TWh, што е за 525% повеќе споредено со претходната година.
Главна причина за ваквиот тренд е намаленото домашно производство на електрична енергија за 14%. Најголем пад е забележан кај хидроелектраните, чијашто продукција се намалила за речиси една четвртина во однос на 2024 година, кога хидролошките услови биле поволни.
Извор: Nas-stik.si
