Русија: Приходите од нафта и гас паднаа за 24%, најниско ниво од 2020 година

Москва. 16 јануари 2025 – Приходите на рускиот федерален буџет од нафта и гас во 2025 година се намалиле за 24% и го достигнале најниското ниво од 2020 година, покажуваат податоците на Министерството за финансии, пренесува Ројтерс.

Според министерството, приходите од нафта и гас лани изнесувале околу 108 милијарди долари, во споредба со приближно 142 милијарди долари во 2024 година. Падот е резултат на намалувањето на цените на нафтата за повеќе од 18%, најголем годишен пад од 2020 година, како и на зајакнувањето на рубљата, во услови на зголемена загриженост за презаситеност на пазарот.

Остварените приходи се пониски и од ревидираната прогноза на Министерството за финансии од околу 110 милијарди долари, која веќе беше намалена од првичната проценка од приближно 139 милијарди долари за 2025 година.

РЕКЛАМА

Приходите од нафта и гас сочинуваат околу една четвртина од вкупните буџетски приходи на Русија и претставуваат клучен извор на средства за Кремљ, особено во услови на зголемени трошоци за одбрана и безбедност по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

На вакво ниво приходите последен пат беа во 2020 година, кога поради пандемијата на КОВИД-19 и колапсот на нафтениот пазар се намалија на околу 67 милијарди долари.

Во декември 2025 година, приходите од нафта и гас изнесувале околу 5,7 милијарди долари, наспроти приближно 10,1 милијарди долари во истиот месец една година претходно и околу 6,8 милијарди долари во ноември 2025 година.

Украина и нејзините западни сојузници повеќепати изјавија дека настојуваат да ги ограничат руските приходи од нафта со цел да извршат притисок врз Москва да ја прекине војната.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба