Кина го укинува повратот на данок за извоз на соларна опрема и батерии

Кина од 1 април ќе го укине повратот на данок за извоз на соларна опрема и батерии, со што завршува државната финансиска поддршка за кинеските компании при извоз на овие производи, пренесува Ројтерс.

Мерката се однесува првенствено на производителите на фотонапонски модули, кои досега добиваа значајна поддршка од државата. Повратот на данок веќе беше намален во декември 2024 година од 13 на 9%, со цел да се ограничи ценовната војна на глобалниот пазар.

Кај батериите, повратот ќе се намали од 9 на 6% од април, а целосно ќе биде укинат од 1 јануари 2027 година.

РЕКЛАМА

Според Ројтерс, дел од кинеските извозници го користеле повратот на данок како механизам за дополнително намалување на цените за странските купувачи, што довело до многу ниски цени на соларните модули произведени во Кина и до влошување на конкурентската позиција на европските производители.

„Навременото намалување или укинување на извозните субвенции за соларната опрема може да придонесе за рационално закрепнување на цените на странските пазари и да го намали ризикот од трговски конфликти“, соопшти Кинеското здружение на производители на фотонапонска опрема (CPIA).

Холандскиот специјализиран портал Solar365 оценува дека оваа одлука најверојатно ќе доведе до благ пораст на цените на кинеската соларна опрема и батерии, што би можело да ја подобри конкурентноста на европските производители.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба