Италија загрижена поради кинеските удели во енергетските мрежи

Рим. 21 ноември 2025 – Италија изразува растечка загриженост дека кинеското присуство во клучните енергетски компании во земјата може да ги попречи нивните планови за проширување во Европа, изјавија два владини извори за агенцијата Ројтерс.

Загриженоста се продлабочи минатата недела, кога италијанскиот оператор на гасни мрежи Snam се повлече од намерата да купи удел во најголемиот независен германски гасен преносен систем, поради противење од Берлин. Германското Министерство за економија се спротивставило на зделката поради индиректното учество на кинеската државна State Grid Corporation of China во Snam.

Германија, која ја поддржува заострената политика на ЕУ кон Кина, барала да го ограничи влијанието на Snam во германската компанија Open Grid Europe, дозволувајќи му само улога на финансиски инвеститор.

РЕКЛАМА

Кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони не даде коментар. Кинеската комисија што ги надгледува државните компании не одговори на барањето за изјава.

Германското министерство наведе дека сите страни заеднички одлучиле да се откажат од трансакцијата и дека бил разгледуван само индиректниот кинески влог, во согласност со правилата за странски инвестиции.

Кинеската State Grid во 2014 година купи 35% од CDP Reti, холдинг што поседува значајни удели во Snam, електроенергетскиот оператор Terna и гасниот дистрибутер Italgas. Претставник на кинеската компанија седи во управните одбори на сите три фирми, што ѝ обезбедува широк увид во италијанскиот енергетски сектор.

Според изворите, Пекинг ѝ порачал на италијанската влада дека вложувањето во италијанската енергетска инфраструктура е „стратешко“ и нема намера да се повлече. Откупот на кинеските удели би барал милијарди евра што ниту една државно поддржана институција во Италија не може да ги обезбеди. Вредноста на кинеските индиректни вложувања во трите компании надминува 5 милијарди евра.

Договорот меѓу CDP и State Grid за корпоративното управување на CDP Reti истекува во ноември следната година, но автоматски ќе се обнови доколку ниту една страна не активира опција за истапување шест месеци претходно.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба