САД стануваат главен снабдувач со LNG за ЕУ до 2029 година

Брисел. 6 октомври 2025 – Европската унија оваа зима ќе увезе до 160 дополнителни танкери со течен природен гас (LNG) поради ниските резерви и намалените испораки преку гасоводите од Русија и Алжир, покажуваат анализи и податоци. Овој тренд ја продлабочува зависноста на Европа од американскиот гас и ја зголемува ценовната нестабилност.

Оваа година ЕУ очекува рекордни 820 танкери со LNG, наспроти 660 минатата година, што претставува околу 48% од вкупната потрошувачка на гас. Аналитичарите предвидуваат дека само во текот на зимата ќе бидат потребни околу 16 милијарди кубни метри гас.

Пред десет години LNG покриваше само 10% од потребите на ЕУ, додека во 2021 година уделот беше 23%. По руската инвазија врз Украина, Европа значително ги намали испораките преку руските гасоводи, а САД ја презедоа улогата на главен снабдувач со на ЕУ со овој енергенс.

РЕКЛАМА

Според проценките на глобалната енергетска консултантска куќа Energy Aspects, се очекува САД да обезбедуваат околу 70% од европскиот LNG во периодот 2026–2029 година, наспроти 58% годинава. Истовремено, ЕУ планира до 2027 година целосно да го забрани рускиот LNG, а од 2028 – и рускиот гас.

Истовремено, испораките од Алжир се намалуваат, а и домашното производство, особено во Норвешка, постепено опаѓа. За разлика од долгорочните договори за гас преку гасоводи, цените на LNG на спот-пазарите се многу поволатилни и зависат од глобалната побарувачка, како онаа од Кина, што дополнително ја усложнува европската стратегија за складирање.

Резервите на гас во ЕУ на 4 октомври изнесуваа 82,75% од капацитетот (944 терават-часови), најниско ниво за овој период од 2021 година, според податоци на Gas Infrastructure Europe. Аналитичарите предупредуваат дека до март 2026 складиштата може да паднат на само 29% од капацитетот, што би ја зголемило цената на гасот во 2026 година.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба