Варшава. 22 септември 2025 – Државната енергетска компанија Polska Grupa Energetyczna (PGE) започна со изградба на батериски капацитет од 262 мегавати во Жарновјец, кој ќе биде еден од најголемите во Европа. Инсталацијата ќе има вкупен капацитет од 981 мегават-час и ќе ја поддржува стабилноста на мрежата во близина на пумпната хидроцентрала Жарновјец, како и идните офшор ветерници.
Главен изведувач на проектот е компанијата LG Energy Solution Wrocław, која ќе ја реализира изградбата „клуч на рака“.
Во врска со ова, мМинистерката за клима и животна средина на Полска, Паулина Хениг-Клоска, истакна дека Владата вложува во развој на системи за складирање енергија на сите нивоа – од големи инфраструктурни објекти до домашни батериски единици. „Нашата цел е 200.000 полски домаќинства да имаат сопствени батериски системи до крајот на овој парламентарен мандат. Со тоа ќе овозможиме подобра искористеност на обновливите извори и сигурен пристап до евтина енергија,“ изјави таа.
Ова е првиот голем батериски проект на полската компанија PGE. Според стратегијата до 2035 година, компанијата планира да изгради повеќе од 18 гигават-часа складишни капацитети преку батерии (8 GWh), пумпни централи (10 GWh) и термални складишта (0,5 GWh). Во наредната деценија, PGE ќе инвестира 14 милијарди злоти (околу 3,3 милијарди евра) во развој на овој сегмент.
Извор: CEEenergynews.com