Рекорден удел на обновливи извори во британската енергетика во 2024 година

Лондон. 4 август 2025 – Обновливите извори на енергија за првпат обезбедија повеќе од половина од вкупното производство на електрична енергија во Обединетото Кралство во 2024 година, покажуваат официјалните податоци на британското Министерство за енергетска безбедност и нула емисии.

Според извештајот, ветерот, сонцето, хидроенергијата и биомасата заедно генерирале 50,4% од електричната енергија, што е пораст од 46,5% во 2023 година. Истовремено, уделот на фосилните горива, пред сè гасот, паднал на рекордно ниски 31,8%, откако последната електрана на јаглен во Британија беше затворена во септември 2024.

Учеството на нискојаглеродните извори, вклучувајќи и нуклеарна енергија, достигна 64,7% од вкупното производство – највисоко досега.

РЕКЛАМА

Иако гасот остана најголем поединечен извор со 30,4% од производството, ветерната енергија сега учествува со 29,2%, и се очекува наскоро да го надмине гасот поради проширување на капацитетите.

Министерот за енергија, Мајкл Шенкс, изјави дека ова е “чист, сигурен, домашен извор на енергија” и клучен чекор кон енергетска независност.

Дополнително, производството на нафта и гас бележи пад од 8,8%, односно 10%, достигнувајќи рекордно ниски нивоа, а побарувачката за јаглен е намалена за 52% во однос на 2023 година. Побарувачката за авионско гориво, пак, пораснала за 9,4% и ја надмина нивото од 2019 година.

Извор: Yahoo Finance

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads