Американски гас, европска сигурност – новата формула на ЕУ

Брисел. 4 август 2025 – Новопостигнатиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД несомнено претставува пресвртница не само во економските односи меѓу двете страни, туку и во енергетската политика на Европа. Освен што ги регулира трговските односи и става крај на повеќемесечната неизвесност околу царините, договорот во својот фокус ја става енергетската соработка, со конкретни обврски за зголемен увоз на американски енергенси.

Во овој контекст, до 2028 година, се очекува трговијата со енергија меѓу ЕУ и САД да достигне вкупна вредност од околу 750 милијарди долари, со акцент на течен природен гас (ЛНГ), нафта, нуклеарно гориво и напредни технологии.

Податоците за првата половина од 2025 година покажуваат дека САД веќе покриваат 56% од увозот на ТПГ во ЕУ, што претставува историски максимум и јасен показател за стратегиското пренасочување на европскиот енергетски пазар.

РЕКЛАМА

Со оглед на тоа што ЕУ сè уште увезува дел од енергенсите од Русија, новиот договор има јасна геополитичка тежина и претставува клучен чекор кон целосна енергетска независност. Од 2022 до 2024 година, ЕУ инвестираше во изградба на 12 нови ЛНГ терминали и проширување на 6 постоечки, со што вкупниот капацитет за увоз сега изнесува над 250 милијарди кубни метри годишно – повеќе од доволно за прифаќање на нови количини од САД.

Освен гасот, договорот опфаќа и американско снабдување со нуклеарно гориво, вредно 700 милиони евра годишно, како и идни заеднички проекти во областа на мали модуларни реактори (SMRs) и други напредни енергетски технологии.

Иако договорот подразбира привремено зголемување на фосилните увози, тој останува целосно усогласен со климатските цели на ЕУ – вклучително и новиот предлог за 90% намалување на стакленички гасови до 2040 година и целосна климатска неутралност до 2050.

Во рамките на новата платформа AggregateEU, Комисијата веќе работи на координирана набавка на гас за земјите членки, што дополнително ја зацврстува енергетската автономија и конкурентност на европскиот пазар. Новиот договор не само што воведува економска сигурност и предвидливост, туку и ја утврдува САД како клучен и доверлив партнер во обезбедувањето на стабилна, сигурна и поодржлива енергетска иднина за Европа.

Извор: Европска Комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads