Застарената мрежа ја кочи зелената транзиција во Европа

Берлин. 17 мај 2025 — Нов извештај на Beyond Fossil Fuels, E3G, Ember и Институтот за енергетска економија и финансиска анализа открива дека европската електрична мрежа не е подготвена да го поддржи растот на обновливите извори на енергија. И покрај добрите примери во неколку земји, во Европа сè уште доминира застареното планирање, постои недоволна регулатива и отпор кон модернизација на мрежите.

Истражувањето во извештајот опфаќа 32 оператори на преносни системи (TSO) во 28 земји и покажува дека многумина користат сценарија засновани на стари владини цели и застарени пазарни претпоставки. Тоа го успорува приклучувањето на нови капацитети за обновлива енергија и го закочува напуштањето на фосилните горива.

„Европа има потреба од голема експанзија на електричната мрежа за да може да ја искористи домашната обновлива енергија, да го поттикне економскиот раст и да се ослободи од ризичните пазари на фосилни горива,“ изјави Џулиет Филипс, експерт за енергија од Beyond Fossil Fuels. Таа повика на итно отстранување на „масните чепови“ во планскиот систем, за обновливите проекти конечно да се поврзат.

Реклама

Клучни наоди од извештајот:

  • 1.700 GW проекти за обновлива енергија се заглавени во редици за приклучување во 16 земји – тројно повеќе од тоа што ѝ е потребно на ЕУ за климатските цели до 2030.
  • €7,2 милијарди вредна зелена енергија била потрошена залудно во 2024 година во седум земји – енергија што не можела да се внесе во мрежата, и покрај тоа што производителите биле платени, а товарот го понесле граѓаните.
  • Само 5 од 32 оператори имаат сценарија за енергетски систем ослободен од јаглен и гас до 2035 година, иако 13 земји имаат вакви цели.
  • Само 10 од 34 оператори се правно одделени од компании за производство и продажба на струја – постои судир на интереси во останатите.
  • Само 5 енергетски регулатори ја вклучуваат климатската неутралност во своите надлежности, додека 11 оператори воопшто не се осврнуваат на климатските цели.

Извештајот предупредува дека без итни измени во мрежното планирање и мандатите на регулаторите, Европа ризикува да остане зависна од гас, не затоа што е потребен, туку затоа што системски не се планирала мрежа базирана на обновливи извори.

Пример за добри практики е Обединетото Кралство, кое воспостави независен Национален оператор за енергетски систем (NESO), одвоен од комерцијалниот мрежен оператор. Тоа овозможува транспарентност, подобро планирање и отпорност на политички и индустриски влијанија.

Извор: Beyondfossilfuels.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement