Рускиот гас – и натаму стратегија за Србија

Белград. 12 мај 2025 – Србија се надева дека ќе успее да обезбеди поволни услови за нов договор за увоз руски гас откако ќе истече актуелниот на 31 мај годинава, изјави претседателот Александар Вучиќ по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, одржана во Москва на 9 мај оваа година.

Според Вучиќ, Србија и натаму ќе остане зависна од увозот на руски гас преку гасоводот Турски тек и инфраструктурата преку Бугарија, и затоа Белград се надева на продолжување на постојните услови, кои беа договорени во 2022 година. Имено, актуелниот договор на Србија со Гаспром предвидува испорака на 2,2 милијарди кубни метри годишно (околу 6 милиони м³ дневно), со целосна индексација на цената според нафтените деривати, што на Србија ѝ овозможи значително пониски цени за време на енергетската криза во 2022 и 2023 година, кога европските цени достигнаа рекордни нивоа.

Во овој контекст, Вучиќ изрази надеж дека, дури и доколку не се постигне нов договор до крајот на мај, испораките ќе продолжат под истите услови. „Верувам дека и ако се пробие рокот од 31 мај, ќе добиеме услови за продолжување според истите параметри“, изјави Вучиќ за РТС.

Advertisement

Тој најави дека експертите наскоро ќе почнат со подготовка на нов долгорочен договор, а според изјавите на директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ, Србија се интересира за договор во траење од најмалку три до десет години, со обем од околу 2,5 милијарди кубни метри годишно.

Извор: РТС

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement