Божиновска за ТВ24: Нов гасовод кон Грција, државна изградба на Чебрен и задожителни батерии за обновливите извори

Скопје. 08 Мај 2025 – Во вчерашното интервју за телевизијата ТВ24, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска најави нови капитални вложувања во енергетскиот сектор, со акцент на државна самостојност, модернизација на мрежата и урамнотежена транзиција кон обновливи извори. Според неа, политиката што ја води Министерството има јасна цел: одржлив, стабилен и државен енергетски систем.

Говорејќи околу договорот за изградба на гасниот интерконетор со Грција, потишан вчера, а чија реализација треба да заврши за 22 месеци, министерката подвлече дека проектот е дел од новата стратегија за енергетска независност и позиционирање на земјата како транзитна точка кон Централна Европа.

„Ова е прв пат државата да гради ваков инфраструктурен објект, со свои компании, и токму тоа е нашата цел – државни капацитети, со домашни ресурси. Најдобро би било и другите стратешки проекти да ги реализираме самите“, порача министерката во интервјуто.

Advertisement

Посебен акцент Божиновска стави на хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за кои рече дека се од голема стратешка важност, но и дека се најкомплексни. Според неа, во тек е детална анализа на сите параметри, од технички до финансиски, со вклучување на работна група составена од домашни инженери, професори и енергетски експерти.

„Сакам да бидеме крајно прецизни во проценките. Работна група од истакнати инженери, професори и експерти, кои учествувале и во реализација на последните државни енергетски капацитети, веќе ја разгледува целата документација за Чебрен за да дојдеме до најдоброто решение“, изјави Божиновска.

Таа смета дека идеалната опција е Чебрен да го гради самата држава, преку кредити или друг модел на финансирање, но напомена дека „ова дополнително ќе се одлучува“, особено со оглед на затекнатата буџетска состојба во Министерството.

Покрај големите проекти, министерката истакна дека се вложуваат напори и во стабилизирање на преносната мрежа. „Без силна преносна мрежа, сите нови капацитети се залудни. Внимаваме и на зачувување на мрежата, но и на нејзина модернизација и отпорност“, рече таа за ТВ24.

Во делот на обновливите извори, Божиновска го најави новиот Закон за обновлива енергија, кој ќе предвиди обврска сите нови електроенергетски објекти да вклучуваат најмалку 20% капацитет во батерии за складирање.

„Обновливата енергија е одлична, но ја има само кога има сонце или ветер. Нам ни треба базна енергија и во зима и навечер. Затоа со новиот Закон за обновливи извори ќе воведеме обврска сите нови објекти да имаат минимум 20% капацитет во батерии. Тоа е системски пристап, не само инвестиции без план“, нагласи Божиновска.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement