Предизвици и приоритети за новата министерка за енергетика на Германија

На 6 мај започнува мандатот на новата германска влада, а Катарина Рајхе, поранешна пратеничка од ЦДУ и актуелна извршна директорка на мрежниот оператор Westenergie, ќе ја преземе функцијата министерка за енергетика. Таа ќе има пред себе полн распоред со итни задачи, меѓу кои намалување на енергетските трошоци, активирање на тендерите за нови гасни електрани и продолжување на енергетската транзиција.

Еден од нејзините први чекори се очеува да биде имплементација на веќе најавените олеснувања, како што се намалувањето на данокот на електрична енергија, како и укинување на надоместоците за мрежата и складирањето на гас. Овие мерки се очекува да стапат во сила веќе од јули и се дел од поширок пакет поддршка вреден околу 55 милијарди евра.

Дополнително, до летната пауза би требало да се спроведе ревизија на прогнозите за идната потрошувачка на електрична енергија, што ќе биде основа за ажурирање на целите за изградба на нови капацитети од ветерници и соларни панели. Аналитичари предупредуваат дека моменталните цели се базираат на повисоки прогнози за побарувачка од реално очекуваните, што може да го наруши балансирањето на системот.

Advertisement

Според најновите сценарија на S&P Global Commodity Insights, Германија до 2030 година може да има годишна побарувачка за електрична енергија меѓу 572 и 624 TWh, далеку под некогашните проекции од 750 TWh. Тоа отвора потреба за поголема флексибилност во системот и стимулации за користење струја во периоди со ниски цени, особено во летните месеци кога има вишок од соларно производство.

Германија досега има инсталирано над 100 GW соларен капацитет, со брз раст на големите комерцијални проекти, дури и без субвенции. Планот на владата е до 2030 година обновливите извори да покриваат 80% од вкупната потрошувачка, што бара дополнителни инвестиции и пазарни реформи. Новата реформа на Законот за обновлива енергија (EEG) ќе вклучи модели како договори за разлика (CfD), кои ќе ги заменат досегашните премии за производителите.

Рајхе, исто така, ќе мора итно да го финализира механизмот за капацитети што треба да овозможи изградба на до 20 GW нови гасни електрани, кои ќе бидат подготвени да преминат на водород во иднина. Претходната влада на министерот Хабек не успеа да обезбеди поддршка во Бундестагот за законот за тендери за 12,5 GW, а клучен проблем беше и доцнењето на одобрението од Европската комисија.

Новата влада исто така планира повторно активирање на резервните јаглени капацитети во услови на недостиг од ветер и сонце, како што беше случајот во зимата. Дел од експертите предупредуваат дека оваа мерка треба внимателно да се користи, бидејќи високите цени во вакви ситуации се дел од нормалниот пазарен сигнал за потребата од флексибилност.

Во меѓувреме, цените на енергенсите значително се стабилизираа. На 30 април, цената на гасот за испорака во мај на германскиот пазар THE беше 32,89 €/MWh, значително пониско од февруарскиот пик од 60 €/MWh. И цената на електричната енергија за испорака во 2026 година падна под 80 €/MWh. Според аналитичарите, ова создава услови за економско заздравување, но и притисок врз новата влада да го искористи моментот за стабилна и долгорочна енергетска политика.

Преглед на главните енергетски политики

Политичка областЦели на новата коалиција ЦДУ/СПД (2025–2029)Прогрес под коалицијата СПД/Зелени/ФДП (2021–2025)
EEG реформаПазарно рефинансирање; преглед на побарувачка до лето 2025EEG 2023 го зголеми целниот удел на ОИЕ на 80%
Гасни тендери (KWSG)До 20 GW нов капацитет за поддршка на енергетската транзицијаПредлог за 12.5 GW не беше усвоен во Q4 2024
Офшор ветернициРешавање на ефектот на сенка; соработка со соседи од Северното МореЦел за 2030 зголемена на 30 GW
CCS законодавствоИтно донесување закон за CfDСтратегија усвоена, закон сè уште не е донесен
Капацитетен пазарТехнолошки неутрален, од 2028Консултација започната
Јаглен излезКрајна фаза до 2038, поврзана со нови капацитетиОбид за убрзување неуспешен
Климатски законЦел за нето-нула до 2045, поддршка за ЕУ целите до 2040Секторските цели укинати, целите остануваат
Водородна економијаБрза изградба на домашна и увозна инфраструктураПлан за H₂ мрежа од 20 милијарди евра
Дизајн на пазарот на струјаЗадржување на единствена зона; имплементација на ЕУ регулативиРазделување на ценовната зона одбиено; стратегија за батерии усвоена

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement