Шнајдер Електрик е најодржлива компанија во светот за 2025 година

Францускиот енергетски гигант го освои првото место на листата Global 100 на Corporate Knights.

Париз. 01 април 2025 – Компанијата Шнајдер Електрик е прогласена за најодржлива компанија во светот за 2025 година според рангирањето на Corporate Knights. Ова е вторпат компанијата да го освои врвот, по успехот во 2021 година. Новиот извршен директор на компанијата, Оливие Блум, кој над 30 години е дел од Шнајдер Електрик и кој ја презеде водечката позиција во компанијата неодамна, во врска со освоеното прво место изјави: „Ова е најдобриот подарок за почеток на мојата улога како извршен директор на Шнајдер Електрик .“

Инаку, со приходи од 36 милијарди евра во 2023 година и присуство во над 100 земји, Шнајдер Електрик е лидер во енергетски решенија, од прекинувачи до технологии за намалување на потрошувачката во дата центрите. Компанијата активно работи и на иновации во паметното управување со енергија, нудејќи решенија базирани на вештачка интелигенција и микро-мрежи. Според Блум, интересот на големите корпорации за одржливост се зголемува, а Шнајдер Електрик бележи двојно поголем број клиенти посветени на нето-нула целите секоја година.


Извор: Corporate Knights

Advertisement

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement