РКЕ: Бензините поскапуваат за 2 денари, дизелот за 1 денар

Бензините од 3 ноември поскапуваат за 2 денари за литар, дизелот за 1 денар, додека цената на екстралесното масло останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Мазутот поскапува за 1,30 денари за килограм. Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,55% во однос на одлуката од 26 октомври.

Новите максимални цени ќе важат од 3 ноември од 00:01 часот.

Нафтен дериватНова ценаПромена
Еуросупер БС-9593,00 ден/литар+2,00 денари
Еуросупер БС-9895,00 ден/литар+2,00 денари
Еуродизел БС100,00 ден/литар+1,00 денар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1)110,00 ден/литарбез промена
Мазут М-1 НС55,573 ден/кг+1,300 денари

Според образложението на РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат различни движења во однос на претходната пресметка. Кај бензините е забележано просечно намалување од 0,793%, а кај екстралесното масло од 0,695%. Од друга страна, референтната цена на дизелот е зголемена за 0,409%, додека кај мазутот растот изнесува 2,546%.

РЕКЛАМА

Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар, по кој се формирани цените во претходната пресметка, е повисок за 0,4400%.

Во пресметката се применети и владините мерки за намалување на даночното и акцизното оптоварување. За дизелот останува примената на намалената стапка на ДДВ од 10%, додека акцизата е намалена за 2 денари за литар кај бензините и за 4 денари за литар кај дизелот.

Од РКЕ посочуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по цени пониски од утврдените.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил