РКЕ: Дизелот поскапува за 2,5 денари, бензините за 1 денар од полноќ

Скопје, 6 јули 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,47% во однос на претходната одлука од 29 јуни.

Според одлуката, од 7 јули 2026 година во 00:01 часот најголема промена има кај дизелот, чија цена се зголемува за 2,50 денари по литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,00 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 денари по литар. Единствено мазутот поевтинува за 0,265 денари по килограм.

Новите максимални малопродажни цени се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85,50 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 87,50 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 81,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 41,230 денари/килограм

Од РКЕ посочуваат дека на светските пазари референтните цени пораснале за 2,576% кај бензините, 5,2% кај дизелот и 4,68% кај екстра лесното масло, додека кај мазутот е регистрирано намалување од 0,96%. Во пресметката е земен предвид и повисокиот курс на денарот во однос на американскиот долар за 1,51% во споредба со претходниот пресметковен период.

Одлуката ќе се применува од 00:01 часот на 7 јули 2026 година, а РКЕ потсетува дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени и дека трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил