Колку заштедуваме со ЛЕД новогодишните светилки?

Новогодишното украсување со ЛЕД-светилки денес е не само побезбедно, туку и значително поекономично во споредба со традиционалните сијалички. Благодарение на европските регулативи и технолошкиот напредок, ЛЕД-осветлувањето троши и до 90% помалку електрична енергија.

Европската Унија уште во 2009 година воведе еко-дизајн регулатива со која постепено беше забрането производството и продажбата на класични сијалички, а тие целосно исчезнаа од пазарот во 2012 година. Причината беше нивната ниска енергетска ефикасност, само околу 5% од потрошената енергија се претвора во светлина.

Во пракса, разликата е драстична. Класичен новогодишен венец со 100 сијалички троши околу 40 вати, додека сличен ЛЕД-венец троши околу 4 вати. За шест часа работа тоа значи 0,24 kWh кај класичните светилки, наспроти само 0,024 kWh кај ЛЕД.

РЕКЛАМА

Со просечна цена на електричната енергија во ЕУ од 0,287 евра по kWh (прва половина на 2025 година), трошокот изнесува околу 0,07 евра за класичен венец и само 0,007 евра за ЛЕД во период од шест часа. За 30 дена, тоа е приближно 2 евра наспроти 0,2 евра.

Разликата уште повеќе доаѓа до израз при подолго користење. Ако светилките се вклучени 24 часа дневно во тек на еден месец, класичниот венец може да чини повеќе од 8 евра, додека ЛЕД-верзијата помалку од 1 евро. Кај поголеми декорации, заштедата може да достигне и над 40 евра месечно.

Дополнителна предност е што поголем број ЛЕД-светилки не значи пропорционално поголема потрошувачка. Венец со 500 ЛЕД-светилки може да троши само 6 вати, што е неостварливо со традиционалните светилки.

Според проценките на ЕУ, преминот кон поефикасно осветлување ќе ѝ овозможи на Европа до 2030 година да заштеди до 34 TWh електрична енергија годишно и да спречи емисија на околу 7 милиони тони CO₂.

Од свеќи на елките во 19 век, преку првите електрични светилки на Томас Едисон, до современите ЛЕД-диоди наградени со Нобелова награда за физика во 2014 година, новогодишното осветлување помина долг пат. Денес, ЛЕД-светилките нудат топли и пријатни нијанси, висока ефикасност и значителна заштеда – и за домашниот буџет и за животната средина.

Извор: Ceenergynews.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба