Македонија и Европската Комисија заедно кон енергетска трансформација: Министерката Божиновска на средба со Валентина Суперти

Скопје. 11 април 2025 – Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и проширување (DG NEAR) при Европската комисија.

Средбата беше иницирана од страна на директорката Суперти, со цел запознавање и размена на мислења за приоритетите во енергетскиот сектор, можностите за продлабочување на соработката со Европската Комисија, како и за идентификување нови заеднички проекти и механизми за поддршка на реформските процеси.

Реклама

Во фокусот на разговорот беа потенцијалните можности за финансиска и техничка поддршка од страна на ЕК, особено во делот на развој на енергетската инфраструктура, зголемување на користењето обновливи извори на енергија, дигитализација на индустријата и унапредување на законодавната рамка во согласност со европските стандарди.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на европската поддршка за трансформацијата на енергетскиот сектор, а директорката Суперти ја потенцираше посветеноста на Европската комисија за поттикнување на структурни реформи и економски развој во регионот.

Средбата беше оценета како конструктивна и отвори простор за идни интензивни комуникации и конкретни чекори во насока на зајакнување на партнерството со Европската комисија.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement