Нова Варош, 21 мај 2025 — Подготвителните работи за изградба на Реверзибилната хидроелектрана (РХЕ) „Бистрица“ ќе започнат напролет, соопштија минатата недала „Електропривреда Србије“ (EPS) и „Енергопројект хидроинжењеринг“ за време на јавните консултации во Нова Варош.
Хидроелектраната предвидено е да има капацитет од околу 650 MW и да се гради помеѓу реките Увац и Лим, на територијата на општините Нова Варош, Прибој и Пријепоље. Проценетата вредност на проектот изнесува нешто под една милијарда евра.
Проектот вклучува изградба на акумулациско езеро (Клак), тунели и машинска зграда кај реката Лим. Планирано е и изместување на дел од државниот пат 191 (околу 2 km), што ќе биде една од првите активности на терен.
Целта на РХЕ е зголемување на флексибилноста на електроенергетскиот систем и интеграција на обновливи извори. EPS нагласува дека со проектот се предвидени економски и инфраструктурни придобивки за регионот, вклучително и отворање нови работни места и подобрување на патната мрежа.
Според директорот на EPS, Александар Јаковљевиќ, нивото на акумулацијата е снижено за три метри за да се избегне ризик по водоснабдувањето на Прибој. Проектот има поддршка од Јапонската агенција за меѓународна соработка, која е вклучена во процесот на финансирање.
Завршени се идејниот проект, просторниот план и нацрт-студијата за животна средина. Жителите на погодените општини изразија подготвеност за соработка, вклучително и во процесот на експропријација.
Извор: Novosti.rs