Скопје, 26 мај 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46% во однос на одлуката од 18 мај 2026 година.
Иако референтните цени на светските пазари бележат благо намалување кај сите деривати, растот на курсот на доларот во однос на денарот за 1,0116% влијаеше врз формирањето на повисоки цени на домашниот пазар.
Според РКЕ, кај бензините е регистриран пад на светските цени од 0,723%, кај дизелот од 0,982%, кај екстра лесното масло од 0,545%, а кај мазутот од 0,348%.
Од 27 мај 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 денари за литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 94,00 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 51,144 денари за килограм
Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.
Мазутот поскапува за 0,330 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да продаваат и по пониски цени од утврдените.
Извор: РКЕ
