РКЕ: Ново поскапување на горивата – дизелот поскапува за 6, а бензините за 3 денари

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која денес се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на претходната одлука.

Најголемото поскапување го бележи дизелот, чија цена се зголемува за 6 денари по литар, додека бензините поскапуваат за 3 денари по литар.

Според новата одлука на РКЕ, максималните цени ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-9590,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-9892,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)94,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)93,00 денари/литар
  • Мазут М-1 НС45,373 денари/килограм

Освен дизелот и бензините, цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 7 денари по литар, додека мазутот поскапува за 3,205 денари по килограм.

Од РКЕ информираат дека новото поскапување е резултат на значителниот раст на цените на нафтените деривати на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, референтните цени се повисоки за 9% кај бензините, 14,96% кај дизелот, 13,20% кај екстра лесното масло и 10,68% кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,1%, што исто така влијае врз конечната пресметка.

Во пресметката се применети и владините мерки за намалени акцизи, односно намалување од 1 денар по литар за бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и 2 денари по литар за ЕУРОДИЗЕЛ БС, со што делумно е ублажено влијанието на светските цени врз домашниот пазар.

РКЕ потсетува дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени, а трговците можат да ги формираат и на пониско ниво во зависност од својата деловна политика.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил