РКЕ ги зголеми цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот

Скопје. 09 јуни 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,93% во однос на одлуката од 2 јуни 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 10 јуни 2025 година, од 00:01 часот.

Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат раст од 1,833%, дизелот од 3,057%, екстра лесното масло од 3,388%, а мазутот од 3,088%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5243% во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 10 јуни 2025 година се:

Реклама

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,50 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,50 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 68,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 38,486 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.
  • Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесно масло (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се зголемува за 0,624 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement