МЕМО во Атина на 31-от Форум за електрична енергија

Претставници на МЕМО ДООЕЛ Скопје и генералниот директор Зоран Ѓорѓиевски, учествуваат на 31-от Форум за електрична енергија во организација на Секретаријатот на енергетската заедница во Атина.

Форумот обединува носители на политики, регулатори, претставници на индустријата и експерти од регионот, кои дискутираат за клучните прашања поврзани со интеграцијата на пазарите на електрична енергија, енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори на енергија.

Во фокусот на годинашните дискусии се поврзувањето со Единствениот европски пазар на електрична енергија, транспозицијата на законодавството од Енергетскиот интеграциски пакет (ЕИП), како и предизвиците што ги носи Механизмот за прекугранично јаглеродно прилагодување (CBAM).

РЕКЛАМА

МЕМО активно придонесува кон регионалната соработка и процесите за понатамошна интеграција на националниот пазар на електрична енергија во европскиот енергетски простор.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил