Започнува процесот на регистрација на пазарот во тековниот ден
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје објави повик до учесниците на пазарот на електрична енергија за регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday market), која официјално започнува на 22 април 2026 година.
Овој процес е значаен чекор во завршните подготовки пред стартот на новиот пазарен сегмент, најавен за мај годинава.
Интрадневниот пазар ќе овозможи поголема флексибилност, попрецизно балансирање на портфолијата и тргување во реално време, согласно современите европски практики.
Од МЕМО ги повикуваат сите заинтересирани субјекти навремено да ја преземат потребната документација и да поднесат барање за регистрација, со цел подготвеност за учество во првите трансакции.
Барањето за регистрација може да се преземе на овој линк.
