По приклучувањето на првата компанија, АД ЕСМ, на 22 април годинава, започна засилен интерес за учество на Пазарот во тековниот ден (Intraday пазар), при што во следните денови се приклучија и повеќе нови компании.
Со тоа, до сега, покрај АД ЕСМ, дел од новиот пазар станаа и Nova Energy, Infinit Energy, ГЕН-И Продажба на енергија ДООЕЛ Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје како дел од EVN групацијата, Sole 24, ЕВН Снабдување, како и RES (Renewable Energy Supply).
Од МЕМО ДООЕЛ Скопје посочуваат дека секое ново приклучување претставува значаен чекор во развојот на домашниот пазар на електрична енергија и придонесува кон поголема динамичност и ефикасност во тргувањето.
Пазарот во тековниот ден овозможува тргување со електрична енергија во реално време, подобро балансирање на портфолијата и поефикасно функционирање на енергетскиот систем.
Официјалниот старт на Intraday пазарот е закажан за 6 мај 2026 година, а според најавите, интересот за учество и натаму расте, при што во наредниот период се очекува приклучување и на дополнителни компании.
Енергетика 24
