Инвестиции, иновации и инфраструктура: Три столба на зелената стратегија на MSC

MSC Mediterranean Shipping Company, најголемата светска компаниja за поморски транспорт и логистика, ја засилува својата улога во глобалната енергетска транзиција преку забрзани инвестиции во алтернативни горива, стратешки партнерства и проширување на логистичката поддршка за енергетски проекти ширум светот.

Во време кога побарувачката за почисти поморски горива интензивно расте, компанијата со седиште во Швајцарија ја проширува соработката со енергетскиот сектор со цел намалување на емисиите од својата флота, која брои илјада бродови и глобална мрежа на логистички услуги. MSC во изминатите години вложува во решенија со понизок јаглероден отпечаток, комбинирајќи ја традиционалната експертиза во бродскиот транспорт со нови енергетски технологии.

Важен чекор е Меморандумот за разбирање со Eni, со кој MSC и Eni заеднички истражуваат и развиваат примена на ЛНГ, био‑ЛНГ и HVO за товарниот и крузинг‑флотите, како и обновливи енергетски решенија за објектите и логистичките центри на компанијата. 

РЕКЛАМА

Воедно, MSC е член на SEA‑LNG и веќе оперира со бродови со двоен погон (ЛНГ/конвенционално гориво), со растечка флота од ваков тип, што овозможува мерливо намалување на емисиите додека индустријата се приближува кон горива со нулта емисија

Покрај трансформацијата на сопствената флота, MSC има суштинска улога и во глобалниот синџир на снабдување со енергетска опрема. Компанијата транспортира компоненти за ветерни електрани, соларни панели, електрични трансформатори, како и опрема за офшор платформи за нафта и гас. Со своите контејнерски и проектни логистички капацитети, MSC овозможува превоз на габаритна и високовредна опрема неопходна за изградба на ветерни паркови, соларни централи, ЛНГ терминали и постројки за производство на електрична енергија, со што директно придонесува кон развојот и на конвенционалните и на обновливите енергетски системи.

Присуството на MSC во Југоисточна Европа дополнително ја нагласува нејзината улога како логистички столб на регионалната енергетска трансформација. Преку операциите во Грција и Албанија компанијата обезбедува поврзаност на балканските пазари со глобалните трговски текови.

ФОТО / MSC

Истовремено, компанијата инвестира и во намалување на емисиите во пристаништата преку овозможување приклучување на бродовите на копнена електрична енергија, што овозможува исклучување на моторите додека пловилата се на кеј и значително подобрување на квалитетот на воздухот во крајбрежните градови.

Сите овие активности се усогласени со долгорочната цел на MSC за постигнување нето-нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, амбиција што ја дели и поголемиот дел од глобалната поморска индустрија. Преку комбинација на инвестиции во алтернативни горива, технолошки иновации и логистичка поддршка на енергетската инфраструктура, MSC се позиционира на пресекот меѓу светската трговија и новата енергетска економија, испраќајќи јасна порака дека иднината на бродскиот транспорт е нераскинливо поврзана со одржливоста.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил