Gunvor го презема странскиот бизнис на Лукоил

Москва. 30 октомври 2025 – Руската нафтена компанија „Лукоил“ објави дека нејзините странски активи ќе ги преземе Gunvor, меѓународна енергетска корпорација со седиште во Швајцарија.

Според соопштението на „Лукоил“, Gunvor ќе ја купи подружницата LUKOIL International GmbH, која ги поседува сите меѓународни средства на компанијата. Руската страна потврди дека прифатила обврска да не води преговори со други потенцијални купувачи.

Одлуката за продажба следи по најавата на новите американски санкции против „Лукоил“, кои стапуваат на сила на 21 ноември. До тој рок, Министерството за финансии на САД издаде привремена лиценца за завршување на сите операции со компанијата.

РЕКЛАМА

„Во случај на потреба, двете страни ќе побараат продолжување на лиценцата и дополнителни дозволи од американските регулатори за непречено функционирање на меѓународните средства и банкарските операции до завршувањето на зделката,“ соопшти „Лукоил“.

Gunvor е глобална трејдерска компанија која располага со рафинерии, нафтоводи, терминали и флота за транспорт на горива, и работи во повеќе од сто земји. Компанијата ја води Торбјорн Торнквист, кој поседува над 85% од акциите, откако во 2014 година го откупи уделот од 43,5% од рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, еден ден пред воведувањето на американските санкции против него.

Извор: Rbc.ru

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба